Омар Акбар (Кабул,1948) студира архитектура и урбанизам на Техничкиот универзитет во Берлин, предавајќи како вонреден професор на Универзитетот за уметности во Берлин и на Техничкиот универзитет во Берлин. Неговото професионално искуство како архитект и урбанист ги вклучува Багдад (Ирак) од 1981 до 1992 година, Банџул (Гамбија), Сана (Јемен) и Асуан (Египет). Тој бил професор по теорија за архитектура и урбан дизајн на Универзитетот за применети науки во Десау од октомври 1998 до декември 2008 година.

Омар е поранешен извршен директор на Фондацијата Баухаус во Десау, а од 2002 до декември 2008 година тој исто така бил извршен директор на Меѓународната изложба на градби – Саксонија-Анхалт 2010. Тој е член на Управниот комитет на Ага Кан (2005-2007) 10-от циклус на наградата Ага Кан за архитектура.

Гунар Хартман (Лајнфелд, 1972) е независен архитект кој раководи со берлинскиот Институт за интегративен урбан дизајн – „Нови дијалози“. Тој студирал ликовни уметности на Универзитетот во Висконсин, архитектура на универзитетот Рајс и културолошки науки на Одделот за историја и теорија на културата на Универзитетот Хумболт во Берлин. Од 2001 година предавал во САД, Швајцарија, Германија и Македонија; меѓу другото, како привремен професор на Колеџот за архитектура на Универзитетот во Минесота (2004), програмски директор на постдипломските студии на Хур Институтот за архитектура во Швајцарија (2005-2009), гостувачки професор на DIA Факултетот за архитектура во Германија (2007-2018), и гостувачки професор на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Македонија (2018 година). Тој бил придружен член и постојан соработник во Кластерот на извонредност „Image Knowledge Gestaltung“ на Универзитетот Хумболт (2013-2018) и соработувал на публикации и изложби со Германската агенција за животна средина.

Мароје Мрдуљаш (Риека, 1971) е архитект, критичар и куратор. Соработувал и учествувал во поголем број изложби и публикации како што се „Кон конкретната утопија: Архитектурата во Југославија 1948-1980“, SOS брутализам (ДАМ Франкфрукт), „Кревање на завесата“- Централно-европски архитектонски мрежи (Венецијанско биенале за архитектура 2014), „Тим Х Исток“, „Недовршени модернизации – помеѓу утопија и прагматизам“, „Континуитет на модернизмот“, „Балканологија“ (САМ Базел), „Модели за домување – експеримент и секојдневие“ и други. Во 2009 година тој ja воспоставува истражувачка платформа „Недовршени модернизации“ (со Владимир Кулиќ), која ги истражува архитектура и урбанистичките феномени во регионот на поранешна Југославија. Ко-автор е на две сезони на документарни филмови „Бетонски спијачи“ за занемарена модернистичка архитектура по Втората светска војна во регионот на поранешна Југославија. Предава на Факултетот за Архитектура при Универзитетот во Загреб.

Ана Ивановска Дескова, Владимир Десков и Јован Ивановски се архитекти кои како тим повеќе од една деценија соработуваат на различни архитектонски и истражувачки проекти. По серијата на архитектонски конкурси работени во периодот 2008-2011, следат поголем број на истражувања и изложби. Во 2014 г. се куратори и дел од авторскиот тим на проектот „Наоди“ со кој Република Македонија се претставува на Биеналето во Венеција. Автори се на истражувачките проекти: „Невидливо Скопје“ (МГС, 2013), „Биографија на едно архитектонско дело: Телекомуникациски центар – Скопје“ (МГС, 2016), „Скопските вертикали“ (МГС, 2018) и „Загрозени видови“ (Природонаучен музеј, 2018), проследени со изложба и публикација. Своите истражувања поврзани со модерната архитектура на Скопје ги претставуваат и вон границите на Македонија со изложбите: „Скопје, македонска архитектура во контекст“ (Галерија Рингтурм, Виена, 2017), „Иднината како проект: Доксијадис во Скопје“ (Музеј Бенаки, Атина, 2018) и во рамките на поширок истражувачки тим: „Кон конкретната утопија: Архитектурата во Југославија 1948-1980“ (МоМА, Њујорк, 2018).

Кристијан Буркхард за Architectuul.com 

Architectuul.com е отворена он-лајн датотека на архитектонски публикации. Создадена е како ‘crowd – sourced’ архитектонска заедница од група ентузијасти за архитектурата, архитекти, графички дизајнери и софтверски инженери во 2010 година. Ги опфаќа зградите низ историјата, со широка колекција од архетипски класици до современи икони. Целата содржина е придонесена од страна на архитектонската заедница на Architectuul и е курирана од посветен уреднички тим.

Модернистичка мапа на Скопје од Блу Кроу Медиа

Blue Crow Media е независен издавач насочен кон издавање на дизајнирани и внимателно уредени градски мапи, кој е основани во 2009 година од Дерек Ламбертон. Од 2015 година Blue Crow Media има објавено повеќе од 20 водичи за архитектура и дизајн, вклучувајќи ја и „Модернистичката мапа на Скопје“, „Бруталистичката мапа на Лондон“ и „Бетонска мапа на Токио“. Њујорк тајмс ги опишува мапите како „манифест за дизајн и водич за урбана архитектура”. Blue Crow Media, исто така, објавува годишен ѕиден календар посветен на бруталистичката архитектура и нова серија изданија посветена на јавните транспортни системи, која сега ги вклучува „Лондонска подземна архитектура и дизајн мапа“ и „Московска метро архитектура и дизајн мапа“ со мапи за нови градови во најава.