ЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА

 

Каде и кога се одржува Ин Ситу саемот на уметност?

Ин Ситу саемот на уметност ќе се одржи од 27 – 30 јуни, 2019 година во Младинскиот културен центар – Скопје. 

Како и кој може да учествува на Ин Ситу саемот на уметност?

Сите од секаде можат да учествуваат на Ин Ситу саемот на уметност.

За да учествувате на Ин Ситу потребно е да се пријавите на отворениот повик за учество. Пред да пристапите до електронската апликација до учество, он-лајн системот за аплицирање бара задолжително да креирате кориснички профил.

За учество во ликовната поставка на Ин Ситу саемот на уметност нема селекција – секој што ќе аплицира може да учествува.

Не постојат услови за квалификација по основ на возраст, род, националност, академска позадина или професионална позадина.

Колку чини учеството на саемот за уметност Ин Ситу?

Секој автор закупува изложбен простор во m² (пример: 2m² = 2метри x 1 метар). Цената за учество, при закуп на поголем изложбен простор, расте пропорционално со закупената површина.

За учество во категоријата визуелни уметности: 

4m² = 2.800 ден  / 4.000 ден  

За учество во категоријата инсталација: 

4m² = 2.800 ден  / 4.000 ден  

За учество во категоријата перформанс: 

За учество во категоријата видео: 

Котизацијата за видео проекција во тридневната програма на саемот изнесува:

Дали Ин Ситу ги покрива трошоците за пат и транспорт?

Не, Ин Ситу не покрива трошоци за пат и транспорт на делата или авторите и организациите.

Што сѐ вклучува котизацијата за учество на Ин Ситу саемот на уметност?

  • Четиридневно учество во единствената годишна, саемска и најголема изложбена поставка на национално ниво
  • Глобална промоција преку сите канали за рекламирање и односи со јавноста на Ин Ситу саемот на уметност пред, за време на и по настанот
  • Локална промоција преку дистрибуција на промотивни материјали и медиумска застапеност
  • Куратор и уметнчко уредување со индивидуални консултации преку е-пошта или на локација
  • Уметнички профил за промоција во архивата на уметници на официјалната веб страна на саемот
  • Влез во процесот за селекција за наградени учесници од страна на Ин Ситу, жири комисијата и неговите соработници
  • Бесплатен високо квалитетен дигитален каталог; печатените каталози се достапни со однапред потврдена нарачка и набавка.
  • Бесплатна дистрибуција на каталог за продажба на дела за време на настанот
  • Саемот на задржува процент/провизија на извршена продажба  
  • Специјално дизајниран систем за изложување и професионално осветлување развиен во соработка со архитекти
  • Техничка поддршка при поставување и симнување на поставката
  • Сервисен персонал
  • Услуги за чистење
  • Бесплатен Wi-Fi
  • Безбедна локација – 24 часа обезбедување
  • Влезот за посетителите е бесплатен
  • Вклучени се сите пресметани даноци, провизии и продукциски трошоци