БОЈАНА ЈАНЕВА ШЕМОВА //

ВИЗУЕЛНИ УМЕТНОСТИ

Бојана Јанева-Шемова (Скопје, 1977 год.) е историчар на уметноста и куратор. Таа дипломирала 2000 год. на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Скопје – Институт за историја на уметноста со археологија. Магистрирала во 2010 год. на Мастрихт Универзитетот: „Уметност и културно наследство, стратегија, менаџмент и образование во културата“, Мастрихт, Холандија. Има работно искуство како куратор во НУ Националната галерија на Република Северна Македонија, Скопје во 2008/2009 год. кога го курирала Македонското учество на Венециското биенале со уметничкиот проект „Педесет – педесет“ на уметникот Гоце Наневски. Од 2012 год. е еден од основачите на „Арс акта – Институт за уметност и култура“, Скопје. Денес работи во НУ Музеј на современата уметност-Скопје каде беше ко-куратор на „Биеналето на млади уметници“, МСУ-Скопје, Скопје, 2018 год. и куратор на изложбата „Конекции во колекциите, италијанско-македонски паралели“, 2018 год. Член е на Здружението на ликовни критичари АИКА -Македонија од 2012 год.

АНА ИВАНОВСКА ДЕСКОВА // АРХИТЕКТУРА

Ана Ивановска Дескова (Скопје, 1978 г.) е архитект, доцент на Архитектонскиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. Учесник е на бројни истражувачки проекти и (ко)автор на повеќе архитектонски изложби. Во 2008 и 2014 г., како дел од авторските тимови, учествува на Биеналето за архитектура во Венеција, со проектите Metamak Cut-outs (2008) и Findings (2014). 2016 г. е дел од истражувачкиот проект „Биографија на едно архитектонско дело – Телекомуникациски центар во Скопје, архитект Јанко Константинов“, проследен со изложба во Музејот на град Скопје и публикација. Во 2018 г., во рамките на истата истражувачка група, со изложба и публикација ги презентира резултатите од истражувањето „Скопските вертикали“. Во периодот 2016-2018 г. работи на подготовка на изложбата Towards a Concrete Utopia, Architecture of Yugoslavia 1948-1980, како дел од кураторскиот советодавен тим на Музејот на модерна уметност (MoMA) од Њујорк.