АНА ФРАНГОВСКА //
ВИЗУЕЛНИ УМЕТНОСТИ 

Ана Франговска (1978 г.) е историчарка на уметност , кустос и раководител на изложбено одделение во Националната галерија на Македонија.

Со дваесет годишно кураторско, едукаторско и истражувачко искуство во современата визуелна уметност таа има реализирано многубројни меѓународни кураторски проекти меѓу кои „Во потрага по заедничко тло“, Центар за современа уметност, Баку – Азербејџан; „Transfiguring“, Чешки центар Прага, Прага – Република Чешка, 2014; „Breat и Sault“, Палата Porcia, Виена – Австрија (2013); „Silentio Pathologia“, Елпида Хаџи Василева, Павилјон на Република Македонија на 55та Меѓународна ликовна изложба на Biennale di Venezia,  Венеција – Италија (2013); „Црно и бело или не“, CAM – Casoria музеј на современа уметност, Неапол – Италија (2013) како и многу други.

ДРАГАН ХРИСТОВ //
ДИЗАЈН 

Драган Христов (1980 г.) е основач на македонската експериментална модна етикета Лудус започната во 2010-тата година. За време на неговите студии на Академијата за ликовни уметности- Брера во Милано го започнува Лудус концепт стор како ко-основач и уметнички уредник од каде ќе произлезе истоимената модна линија.

Во моментов, тој е целосно посветен на развојот на унисекс колекциите како автор. Покрај тоа се занимава и со организација на привремени продажни настани во Македонија, како Супер дизајн поп ап стор во галеријата во МКЦ и неколку за време на Скопската недела на дизајн. Со својата модна линија има учествувано на бројни интернационални модни изложби, комерцијални дизајнерски маркети и саеми во Австрија, Чешка, Полска и Бугарија, a последните две сезони започна со претставување на Љубљанската модна недела.

СЛОБОДАН ВЕЛЕВСКИ // АРХИТЕКТОНСКА ПРОГРАМА

Слободан Велевски (1976 г.) и Марија Мано Велевска
(1977 г.) се вонредни професори на Архитектонскиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, каде  заедно го водат студиото по архитектонски урбанизам насловено „Обрасци на раст“ („Patterns of Growth“).

Претходното професионално искуство на Слободан вклучува работа во архитектонски бироа како Shigery Ban Arhitects – Париз, David Chipperfield Architects – Берлин, и Space Syntax Lab – Лондон. Марија ги завршува своите пост-дипломските студии по архитектура во Десау, Германија и Хур, Швајцарија, работејќи под менторство на Нил Лич, Роџер Болтхаусер и Јург Конзет.

МАРИЈА МАНО ВЕЛЕВСКА // АРХИТЕКТОНСКА ПРОГРАМА

Во 2018 година тие заедно го курираат македонскиот национален павилјон на 16-та Интернационална изложба за архитектура – la Biennale di Venezia со проектот „Freeingspace“, кој се осврнува на фрагментираната природа на современиот град, и го гледа концептот на слобода како вграден во мноштвото тековни социо-просторни и политички реалности. Изложените проекти вклучуваат соработка со неколку млади архитектонски групи, на проектни задачи за градот Скопје.

Тие се исто така автори и уредници на неколку изданија, меѓу кои: „Разговори/Conversations“ (2010) составена од интервјуа со еминентни архитекти и едукатори (Елија Зенгелис, Александар Бродски, Нил Лич, Карло Рати и Дитмар Штајнер меѓу другите) и публикациите од работата на студиото „Обрасци на раст“ со книгите: „Microcity“ (2016), „Residual Form“ (2017) и „Un-natural Ecologies“ (2018).