ИН СИТУ & 48 STUNDEN NEUKÖLLN

Ин Ситу саемот на уметност и 48 Stunden Neukölln од Берлин, Германија ќе наградат двајца автори со учество на 21-то издание на фестивалот 48 Stunden Neukölln in 2019. 
 
48 Stunden Neukölln е форум за проекти од сите постоечки уметнички дисциплини кој се наоѓа на берлинската уметничка сцена. Фестивалот претставува, но и поддржува уметност. Сите сегменти на локалното население се вклучуваат независно од возраста, етничката припадност или социјалниот статус. Фестивалот не само што соединува голем број дисциплини, тој ги обединува и луѓето преку уметноста која содржи важни идеи за општеството.
 
Тричлена жири комисија од Ин Ситу саемот на уметност ќе направи селекција на двајца автори учесници од петтото издание на саемот.

МКЦ – СКОПЈЕ 

Основната задача и цел на МКЦ е промоција на културата, културните и научните вредности. Со богата програма, опфат на сите културни изрази, МКЦ од самиот почеток зазема стратешки важна позиција во градот Скопје, но и во целата република. МКЦ продуцира, стимулира и промовира современи културни настани и дела од различни домашни и меѓународни креатори, но и да го поттикнува создавањето врски помеѓу нив.
 
Младинскиот културен центар – Скопје ќе направи селекција и ќе додели награда за независна авторска изложба, која ќе се одржи во 2019 година.
 

http://mkc.mk/ 

АКАНТУС ГАЛЕРИЈА

Потпирајќи се на класичниот концепт дека совршенството се постигнува преку едноставноста, галеријата „Акантус“ работи на  доближување на  уметноста до скопската публика. Организирајќи изложби, работилници и предавања со најразлични содржини од областа на културата таа е простор преку кој уметноста и културата се на дофат на секој граѓанин и посетител на Скопје.  Нашата цел е да бидеме простор во кој уживањето во уметноста е преплетено учење на нови нешта и восприемање на различни приказни и мислења.

Акантус галерија ќе направи селекција и ќе додели награда за независна авторска изложба која ќе се одржи во 2019-та година.    

http://akantus.mk/

 

 

КОНЦЕПТ 37 

Концепт 37 е концептуален кафе-бар со изложбен простор во кој посетителите и публиката имаат можност да следат редовна изложбена, но и продажна програма од уметностите и дизајнот. 

Концепт 37  ќе направи селекција и ќе додели награда за независна авторска изложба која ќе се одржи во 2019-та година.  

Профил

Креативен викенд постои шест години во форма на уметничка резиденција каде што се среќаваат домашните и меѓународните уметници на висорамнина од 1400 м, комуницирајќи и поминувајќи го времето во природен амбиент, далеку од урбаната динамика. 

Тенденција на креативните викенди е да се импровизира и експериментира, се работи за  своевидна лабораторија на креативноста.

Делата од креативните викенди се претставуваат во поголемите европски градови, во форма на видео проекција и разговор со посетителите.

Секој месец е посветен на различни уметнички форми и се случува во временски период од еден викенд, со можност резиденцијата да се продолжи по договор. Наградата се состои од покана за учество на еден од креативните викенди со покриени трошоци.