ОТВОРЕН ПОВИК

визуелни уметности, инсталација, перформанс, видео

 


 

Прочитај внимателно:

Повикот за учество на Ин ситу саемот за уметност се отвора на 15 мај (вторник), 2018 и ќе трае до 10 август (петок), 2018 година.

Он-лајн системот за апликација на Ин Ситу саемот за уметност бара задолжителна регистрација на кориснички профил пред пристапување кон апликацијата.

За дополнителни информации поврзани со правилата, условите и котизацијата за учество на Ин Ситу саемот на учество посетете ја страната за често поставувани прашања – ЧПП или контактирајте нѐ на contact@insitu.mk 

Сите полиња кои се обележани со „*“ задолжително се пополнуваат и доколку не се пополнети, апликацијата нема да се испрати. Апликацијата не се зачувува и/или архивира автоматски.

Секој може да аплицира: за учество во програмата за визуелна уметност, инсталација, перформанс и видео нема селекција; сите автори од сите земји можат да учествуваат, независно од форматот кој тие го користат за изразување.

Селекцијата е предвидена на крајот од саемот од страна на жири комисија составена од три (3) члена.  Селектираните автори ќе бидат наградени согласно условите и програмата за награди која ќе биде објавена на веб страницата на Ин Ситу.

 


 

Регистрирај се и аплицирај