Walden Kunstausstellungen – Берлин, Германија

 


 

Walden Kunstausstellungen е една од најстарите активни галерии во Германија, која секогаш успева да ја доведе во прашање рутината со тековните продукции. Од 1995 година Walden Kunstausstellungen реализира изложби од меѓународната современа уметност со фокус на трендовите и настаните во Берлин. Една од особеностите на галеријата е дека таа не служи за презентација на дефиниран круг на уметници, туку за овозможување форум за разновидноста на современите форми на изразување и зацврстување на идиосинкратичните позиции во современиот дискурс. Од основањето, остварени се 200 изложби и различни проекти. Таа служи како „врска” помеѓу галериите, институциите и уметничките студија. Галеријата не е ограничена на изложбени активности, туку се гледа себеси како почетна локација за понатамошни проекти и мрежно поврзување.

 

Автори учесници: 

Јоана Буковска, Карен Колтерман, Јулиа Мураками, Вероника Шумахер, the b-AGE-ritz (Ралф Багериц), HF Coltello, Евол, Џорџ Полке, Фредерик Фоерт и Ира Шнајдер 

 

Уметнички директори: Жизела Вредe и Рајнхолд Готвалд