ЗА НАС

Ин Ситу саемот за уметност се издвојува како водечки национален настан за сеопфатно изложување и претставување на новитети во уметноста, дизајнот, архитектурата и креативните индустрии преку соединување на разноликостите од локалното милје со глобалната сцена.

Неговата влијателност привлекува меѓународни автори и професионалци кои трагаат по љубопитноста и страста на новите сцени и интеракцијата со контрастни публики.

ПОЧЕТОЦИТЕ

Енергијата не може да се создаде ниту уништи; напротив, таа може само да се трансформира од една форма во друга. Како и во законите на физиката, Ин Ситу е производ на она што во текот на изминатите четири години беше Паратисима Скопје (2014-2017).

До сега броиме претставување на повеќе од 450 автори учесници кои потекнуваат од 39 земји, чии дела ги проследи растечки број на посетители кој во првите две години броеше 2-3000 посетители за да прерасне кон 5-7000 посетители кон четвртото издание на саемот.

Петта година од своето постоење и премиерна во своето ребрендирано издание, саемот созреа во независна арена за уметничко, креативно и иновативно изразување, задржувајќи го своето потекло, притоа Ин Ситу.

ЗА ИН СИТУ

Ин Ситу е меѓународен саем на уметност составен од развојни програмски содржини кои се меѓусебно поврзани и обединети преку нишката на автентичниот израз.

Основан со цел да обезбеди столб за раст и развој на современи и конвенционални формати на изразување, Ин Ситу е инклузивен во својот пристап и ексклузивен во своите изведби.

Оваа противречност потекнува од верувањето дека само преку спојување на непредвидливото би можеле да обезбедиме простор за прогресивна културно-уметничка сцена.