Небојша Вилиќ (1962, Велес) историчар на уметноста и редовен професор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Република Македонија.

Ана Ивановска Дескова (Скопје, 1978 г.) е архитект, доцент на Архитектонскиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје.

Учесник е на бројни истражувачки проекти и (ко)автор на повеќе архитектонски изложби. Во 2008 и 2014 г., како дел од авторските тимови, учествува на Биеналето за архитектура во Венеција, со проектите Metamak Cut-outs (2008) и Findings (2014). 2016 г. е дел од истражувачкиот проект „Биографија на едно архитектонско дело – Телекомуникациски центар во Скопје, архитект Јанко Константинов“, проследен со изложба во Музејот на град Скопје и публикација. Во 2018 г., во рамките на истата истражувачка група, со изложба и публикација ги презентира резултатите од истражувањето „Скопските вертикали“. Во периодот 2016-2018 г. работи на подготовка на изложбата Towards a Concrete Utopia, Architecture of Yugoslavia 1948-1980, како дел од кураторскиот советодавен тим на Музејот на модерна уметност (MoMA) од Њујорк.

Д-р Мартин Штефенс е роден во Зезен, Германија. Тој студирал историја на уметност во Минстер и Берлин. Докторирал на темата: „Меморијализам – Репрезентација – Историска заштита. Лутеровите меморијали во 19 век “. Во кураторската и научната работа тој од 2009 е директор на уметничкиот фестивал „48 часа Нојколн“; од 2013 заедно со Торстен Шленгер работи како куратор и организатор на изложби од современа уметност, а од 2006 година ја презема водечката улога во “Kunstverein Neukölln e.V.”, (концепција и организација на изложби од современата уметност). Од 2010 година тој е избран за член на “Rat für die Künste Berlin” (Совет за уметност). Од 1997 година континуирано работи на истражување и издаваштво на трудови во областа на спомен културата и историјата на архитектурата, како и културно-историски изложбени проекти, меѓу кои и проекти за Фондацијата за прискуте палати и градини Берлин-Бранденбург и Фондацијата лутерови меморијали во Саксонија-Анхалт.